News

Отворен повик за ангажирање на фирма за пошумување

29 Aug, 2024


img

ЦНВП Скопје за потребите на проектот „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“, објавува јавен повик за кој е потребен давател на услуги за пошумување во Дебар – Бањиште, Косоврасти, за подготовка и спроведување на следните услуги:

- Обезбедување на садници (Погледни Технички документ)

- Подготовка на земјиште за пошумување и пошумување во Дебар- Бањиште, Косоврасти

- Изработка/поставување на плетери во Дебар – Бањиште, Косоврасти

 

Понудите се доставуваат по електронски пат на е- маил адресата contact@cnvp-eu.org. Краен рок за доставување на понудата е четврток 05 септември, 2024 година до 16.00 часот.

 

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди што нема да ги содржат потребните елементи или не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација. Секој понудувач може да учествува само со една понуда. Целокупната документација со повеќе детали за повикот може да се преземете на линковите подолу.